Сокот од трнинки порано се правел почесто, за разлика од денес. Нашите баби редовно го правеле како дел од задолжителната зимница.
Плодот од трнинки се јаде и свеж, но сепак се користи и преработен – за сок, компот, џем, ликер и слично. По состав трнинките се богати со изобилство од хранливи материи (антиоксиданси, танин, витамин Ц, калиум, калциум итн).
Состојки:
- 1 кг трнинки
- 2,5 литри вода
- 250 гр шеќер
Подготовка:
1. За припремата на овој сок ни се потребни 3 состојки. Трнинките убаво ги миеме и ги ставаме во тенџере, додаваме вода 3 прсти над нив. Нека зовријат и ги вариме се додека да омекнат зрнцата.
2. Потоа ги цедиме и ги пасираме со помош на лажица за пире или во електричен сецко (јас користев електричен сецко).
3. На добиената смеса ја додаваме наведената количина на вода, и почнуваме со процедувањето, прво преку цедилка, па преку газа или хулахопка.
4. Го додаваме и шеќерот, па сокот го ставаме на огин да зоврие. Нека врие 5 минути и го тргаме настрана (ако се појави пена ја тргаме).
5. Во претходно спремни стерилизирани шишиња го ставаме сокот и ги умотуваме во крпи. Откако ќе излади целосно сокот, ги чуваме шишињата на темно и ладно место.
Наведените количини се дадени за 1 кг трнинки, вие може да ги адаптирате во зависност од тоа колку трнинки ќе употребите. Исто така и шеќерот по желба можете да го зголемите или намалите.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK