Многу овошја и зеленчуци кои се јадат со лушпа не би ги пробале без пред пртходно да ги измиеме, но што е со оние кои се лупат, дали и тие треба да се мијат?
Експертите за безбедност на храна велат дека покрај другите овошја и авокадото и бананата треба да се мијат и покрај тоа што се лупат.
„Производите што имаат кора треба да се мијат под млаз чиста вода. Дури и ако имате намера да ја фрлите лушпата. Тоа е најдобра практика во безбедно ракување со храната што го намалува преносот на нечистотија. Или микроби што може да се најдат на лушпата од овошјето што сакате да го консумирате“, изјави за Huff Post Тамика Сим од Меѓународниот информативен совет за храна.
Додека нечистотијата може да се види, преостанатите пестициди или микроби кои можат да предизвикаат болести преку храна не се видливи со голо око. Затоа Симс се залага за миење на целата храна пред јадење.
„Кора од банана, лушпи од авокадо и други производи со дебела надворешна површина се подеднакво подложни на бактерии. Како и помеките овошја и зеленчуци со понежна кожа“, забележува експертот за безбедност на храна Тревор Крег.
Американската агенција за храна и лекови откри листерија и салмонела на надворешната страна на авокадото. Подебелата кожа го отежнува влезот на бактериите или нечистотијата во месото. Но кога ќе сечете овошје, сепак можете да ја загадите храната со ножот. Миењето на кората ја намалува веројатноста за тоа да се случи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK