Гириците се одлично мезе, евтини се, а лесно и брзо се подготвуваат.
Гирица е единствената риба што не мора да ја чистите и која можете да ја јадете во еден залак. Месото од гирица е богато со омега-3 масни киселини, кои помагаат во спречување на многу болести на циркулаторниот систем.
За овој рецепт ќе ви требаат само три состојки, без многу валкани садови.
Потребни состојки:
- 500 гр гирици
- зачин за риба
- ½ лимон
- Подготовка:
Доколку користите замрзнати гирици, одмрзнете ги и измијте ги, а потоа исушете ги со крпа и наредете ги на фолија. Посипете ги со зачин за риба, а одозгора наредете го исечканиот лимон. Затворете ја фолијата и печете во загреана рерна на 220°C околу 15 минути, или додека не видите дека се готови.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK