Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да направите градина во шише

    Како да направите градина во шише

    petel baner

    Доколку немате доволно простор за саксии, може да се одлучите да го украсите вашиот дом со мини оранжерија во шише или аквариум.

    Потребен ви е само сад со интересна форма – голема стаклена чаша, шише, кои сепак треба да биде со херметички затворен капак. Потребна ви е дренажа – можете да си набавите од цвеќара. Исто така ви треба јаглен, мешавина од почва, растенија, украси во вид на камења, школки, вештачки инсекти и гранчиња.

    За градината во шише, соодветни растенија се оние кои ја сакаат мократа клима. Тоа се претежно тропските растенија. Тие треба да бидат со плитки коренови систем. Најпогодни се растенијата кои бараат минимално грижи. Наместо дренажа можете да користите хидрогел, а тогаш ќе отпадне и потребата од јаглен. На дното на садот се дистрибуира дренажа на слој од три сантиметри. Врз него се става слој од мелен јаглен – околу два сантиметри.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Јагленот го апсорбира вишокот на влага и ја спречува лошата миризба при излишна влага. Врз јагленот се дистрибуира влажна почва мешавина – околу три сантиметри. Потоа се натапкува добро почвата. Потоа се прават дупки за посадувањето на растенијата.

    Прво се садат растенија долж ѕидовите на садот, а потоа во средината. Ако садот е со тесно грло, растенија се садат со помош на две долги рачки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Украсете со камења и школки. Ако наутро има кондензација, но попладне исчезнува, сè е во ред. Но ако не исчезнува, од време на време капакот треба да се отстранува. Ако нема кондензација, влагата е недоволна. Од време на време треба да се исчистат растенијата. Тие не треба да се наводнуваат, освен кога не се формира кондензација.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img