ЈП „Национални шуми” од Куманово започна со најавената голема акција на пошумување.
Пошумувањето ќе се одвива на 34 различни локации во државата, во 19 различни реони.
Ќе се пошумува и на нови површини, а ќе се пошумуваат и опожарени површини од големите пожари од 2021 во Малешевијата.
Заедно со голем број општествено-одговорни компании и граѓански организации ќе бидат посадени 1.200.000 садници, од најразлични видови за кои согласност дале Шумарскиот факултет и стручните лица во Национални шуми.
Јасен, бел бор, јавор, багрем, даб, чемпрес, костен, ќе бидат посадени оваа зима и наредната пролет на повеќе од 400 хектари површина низ цела Македонија.
Целокупниот расаден материјал го обезбедува Национални шуми од нивните расадници во Свети Николе и Куманово, кои се осовремени и произведуваат садници од контејнерски тип, кои се многу поотпорни на климатските промени од обичните садници.
Акцијата е поддржана од Министерството за земјоделие, министерството за животна средина, компании и граѓански организации.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK