Според нутриционистите да се јаде ужина во текот на денот е многу важно. Треба да биде добро избалансирана и изработена од квалитетна храна, со цел да нè засити и да ја изгасне желбата за слатки.
За да не посегнеме по „нездрав“ избор, секој од нас треба да има 3 основни оброци и 2 ужина.
По вкусната ужина телото ќе ни биде благодарно, а воедно и ќе се регулира работата на цревата, ќе се забрза метаболизмот и ќе се намали апетитот.
Потребни состојки:
- 2 лажици пченични снегулки
- 1 лажиче мелен лен
- 1 лажичка семе од сусам
- 1 лажичка мелени бадеми
- Малку суво грозје и брусница
- 1 лажичка мед
Подготовка:
Истурете вода со снегулките и ставете ја на плочата за готвење. Гответе неколку минути додека не добиете каша, а потоа додадете ги сите други состојки и прелијте со малку бадемово или кокосово млеко.
Еве зошто оваа ужина е толку здрава:
Јаткастите плодови ја подобруваат работата на срцето, но исто така го зголемуваат нивото на серотонин, кој ни помага подобро да се справиме со депресијата и нервозата. Тие се исто така богати со растителни влакна, бакар, фолати и ангинин.
Од сувото овошје, грозјето е најбогато со јаглени хидрати, па затоа не одржува сити меѓу оброците.
Пченицата има одлични хранливи својства и е еден од најдобрите извори на протеини.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK