Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиДржавно земјиште до 3 хектари

    Државно земјиште до 3 хектари

    petel baner

    Државно земјиште до 3 хектари објавен е јавен повик.

    Ги информираме земјоделците дека се распишани четири јавни повици за добивање по закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку овие четири повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно повикот опфаќа површини вон градско подрачје.

    Otkup na kompiri

    Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години; подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години; подигање на маслинарници за период до 50 години; одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години; ливади за период до 15 години; за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

    Јавниот повик бр.01/23 опфаќа 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини.

    Кај вториот Јавен повик бр.02/23 опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини.

    Јавениот повик бр.03/23 опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини.

    Кај четвртиот Јавен повик бр.04/23 опфатени се 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини. Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште.

    Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

    Рокот за поднесување на апликации е 30 дена од денот на распишувањето на јавните повици.
    Се известуваат сите понудувачи дека јавното отворање на понудите ќе се одржи на ден 09.02.2024 година (петок) со почеток во 10:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Ленинова бр.2 Скопје- Центар, (големата сала на приземје).

    Документи за превземање:

    agrounik

    Јавен повик 04/23

    Образец – понуда

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Понуда за износот на годишната закупнина

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img