Свинско месо во тегла еве еден брз рецепт.
Обично месо од бут се става во тегла.
Месото го сечеш на коцки одприлика 4 на 4 сантиметри.
На месото се додава сол и се меша.
Теглите ги полниш со месо до под капачето. ВОДА НИКАКО.
Теглите ги затвараш и се замотуваат во весник или во крпи. Се редат во шерпа и полниш вода во шерпата до под капачињата па после го палиш огнот.
Кога ќе почне да врие најмалку 5 саати да крчка на тивок оган.
Ги оставаш да се изладат и другиот ден се вадат и се ставаат во подрум.
Свинско месо во тегла
Овој брз рецепт ни го пушти Злате и ветуваме дека ќе го пробаме.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK