Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро колумнаБолести на карфиол

    Болести на карфиол

    petel baner

    Пламеница

    Може да се појави уште во расадот и на поле
    На почетокот е бела право образна покривка со изглед на поодделни или споени пеги од долната страна на листот (по котиледоните)
    На вистинските лисја се забележуваат бледожолти неправилни пеги, со светол ореол и бел слој на долната страна
    Болните листови пожолтуваат и при силен напад можат да загинат
    Кај рана појава на болеста, котиледоните се покриени со слој и одгоре и оддолу
    Растенијата најчесто гинат
    При расадување преку летото, привремено престанува со развојот
    Во влажна есен е можно повторно активирање

    Otkup na kompiri

    Фузариозно венење

    Габите од видот Фузариум ги запушуваат проводните садови
    Води до умирање на младите растенија и отежнат развој кај возрасните
    Лисјата пожолтуваат и ја губат својата површина, а некои од нив паѓаат
    Кај попречен пресек се забележува кафеаво затемнување на проводното ткиво
    Во влажни услови се оформува мицелиja од микро и макроконидии, со чија помош се распростанува
    Штетникот може да оформи безбојни хламидоспори, кои можат да живеат неколку години во почвата

    Црна дамка

    На старите лисја се појавуваат мали жолтеникави пеги
    Подошна се шират и стануваат жолто кафеави
    Пегите се со концентрични светли и темни зони
    Се појавуваат црни вдлабнати пеги на поодделни цветчиња од главата
    Се распростанува преку ветер, дождовни капки и инвентар
    Оптималните услови за развој се продолжени пери-оди со висока влажност и температура 15-25°C.

    Бактериско црно гниење

    Се развива за време на вегетацијата
    Навлегува преку оштетување од штетниците
    Бактеријата која е навлезена во капка вода врз лисјата, навле-гува заедно со неа преку устицата во растението
    Заразеното ткиво пожолтува и во повеќето случаи има V – образна форма
    Растот е стопиран, долните лисја паѓаат
    Кочанот омекнува и гние
    Можно е да се развие и за време на складирањето
    Се активира од влажно време со високи дневни и ниски ноќни температури
    Можно е да се зачува во семињата и растителните остатоци

    Голем зелкар

    Пеперугите се појавуваат од презимените кукли во рана пролет
    Летаат во текот на целото лето најчесто во топлите часови на денот
    Живеат на зеленчукови насади во близина на насе-лени места
    Се хранат со нектар од расцутени цветови. Положу-ваат јајца од долната страна на лисјата, на купчиња од 15-20 јајца
    Една пеперуга положува до 250 јајца
    Има 3-4 генерации годишно и презимува како кукла на стеблата. Гасениците ги гризат лисјата а остану-ваат само дебелите жили.

    Суво стеблено гниење

    Може да се поjави во текот на целата вегетација
    Оштетувањето на расадот е на долниот дел од стеблото
    Кората на стеблото избледнува и се обојува во сиво
    Во случај на засушување се оформуваат пикнидии во форма на црни точки
    Стеблата се сушат и растението гине
    При расадување на болни растенија, болеста го продолжува својот развој
    Растенијата заостануваат во својот развој, на надворешен изглед се хлоротични, долните лисја се обоени во црвено – виолетово до синкаво
    Во основата на стеблото се развива суво гниење
    Голем дел од растенијата гинат
    Во влажно време оформените пикнидии ги заразуваат соседните растенија
    Високата влажност (60-80%) и топлото време се предуслов за развојот на болеста
    На температура 25°С инкубацискиот период е 5-6 дена, а на 9-10°С – до 23 дена

    Мозаикc

    Хлоротично пожолтување на нервите на младите лисја и зелените делови помеѓу нив
    Како последица настапува деформација на лисјата
    При зголемување на температурата над 22°С симптомите стануваат незабележливи
    Болеста се распространува преку вошките
    Ако го нападне карфиолот во рана возраст, растението може да не формира глава

    Влажно гниење

    Ги зафаќа слабите растенија
    Се пројавува како меко гниење со непријатна миризба
    Растенијата можат да се заразат преку кореновиот систем, кај повреди од штетници или гниење на коренот
    Кочанот се омекнува, на почетокот добива кремаста обоеност, а подошна потемнува
    Оптимални услови за развој се температура над 25°С и голема влажност
    Може да се пренесе при контакт помеѓу кочаните за време на складирање

    Зелкова лисна совица

    agrounik

    Широко распространета
    Презимува како кукла во почвата на длабочина 5-10 см и развива 2-3 генерации годишно
    Првите пеперутки се појавуваат во подоцнежната пролет или рано лето
    Оплодената женка снесува до 200 јајца
    Јајцата се полагаат ниско врз лисјата
    Ембрионалниот развој е од 6 до 9 дена
    Гасениците од прва возраст не се движат активно, а се хранат во осно-вата на лисјата
    Периодот на развој на гасениците е околу 25-30 дена
    Преку есента се вбушуваат во кочанот на растението, каде длабат ходници
    Остататоците од храна и водата во ходниците започнуваат да гнијат и растението угинува
    Оштетувањата се по лисјата и китките со цветови (главите)
    Куклењето започнува во почвата на длабочина 9-12 см, малку пред прибирањето на реколтата

    Зелков молец

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Најмногу му одговара сушно и топло време (има голем број на генерации)
    Посебно е опасен во вториот дел на вегетацијата за касни и зимски зелки
    Младите гасеници го гризат паренхимот меѓу лисната нерватура па се јавуваат отвори на листот
    Возрасните гасеници го гризат листот правејќи неправилни отвори
    За заштита се користат инсектициди од различни групи затоа што многу бргу станува отпорен (резистентен)

    Болести на карфиол

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдениДоколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img