Бактериско венење и кафеаво гниење на компирот – Ralstonia solanacearum
Опис: Оваа бактерија географски е многу распространета и според штетите што може да ги причини таа е една од најштетните бактерии.
Симптомите зависат од растението домаќин. Најчести промени се венење и гниење. Кај компирот се забележува рано пожолтување на листовите и венење. Кај младите растенија вене и стеблото.
Бактеријата ги населува кората и сржното ткиво во кои настануваат празнини, што ќе бидат исполнети со бактерии. Од стеблото и коренот, бактеријата навлегува во клубените се шири и при пресек на клубените се забележува потемнување на спроводните садови како и на ткивото покрај нив. Бактериите се лоцирани само кај окцата кои потемнуваат.
Таа е топлољубива бактерија и бара топло и влажно време и се развива на температура од 10 до 14°С.
Патогенот се пренесува главно со заразен посадочен материјал. Како извор за зарази служат и заразените растителни остатоци како и плевелната флора. Во ширењето на патогенот значајна улога имат и инсектите како компировата златица која заразите ги остварува преку рани од различни штетници.
Откако ќе навлезе во растенијата, бактеријата се населува во ксилемот и преку него во целото растение.
Болеста се развива при врнежливо и топло време.
Контрола и преглед на семенскиот материјал, употреба на здрав саден материјал од компир, доколку се сечат клубените при садењето треба да се врши редовна дезинфекција на ножевите со потопување во етилалхохол, уништување на растителните остатоци со спалување, плодоред, третирање на почвата со негасена вар.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK