Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро ВестиЛегнаа пари на сметките на одгледувачите на овци

    Легнаа пари на сметките на одгледувачите на овци

    petel baner

    Легнаа пари на сметките на одгледувачите на овци – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци.

    Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањата за поддршка и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач или предале/заклале јагниња во преработувачки капацитети.

    Otkup na kompiri

    Висината на финансиската поддршка е 1400 денари по грло овца.

    По оваа подмерка исплатени се 1771 огледувач на овци со финансиска поддршка во висина од 455.3 милиони денари.

    agrounik

    Одгледувачите на овци најпрвин беа исплатени за основната субвенција од 600 денари, а со денешната исплата висината на финансиска поддршка по грло овца во вкупна вредност изнесува 2000 денари.

    Сите огледувачи за кои по добиените списоци од кланичните капацитети е констатирано дека имаат предадено / заклано јагниња во следниот период ќе добијат и дополнителна поддршка од 400 денари за заклано јагне.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Легнаа пари на сметките на одгледувачите на овци со здравје да се трошат.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img