Глог – Кога велиме глог, не постои човек на кој прво не му текнува на глог колец, вампири, прободување во срцето.
Глогот навистина е добар за срцето, но за лекување, секако под надзор на лекар. А неговиот цвет и плод се лековити.
Многумина сметаат дека глогот е најлековитиот природен подарок. Цветот и овошјето се користат како чај или тинктура тој е одличен и за несоница и нервоза, го регулира пулсот и крвниот притисок, а го препорачува и на оние кои страдаат од анксиозност или се постојано уморни.
Можете да пиете чај од глог или да направите тинктура, но со глог мора да бидете внимателни.
Не земајте повеќе од препорачаното. Ако пиете чај, прелијте една лажичка мал глог со 150 милилитри зовриена вода, покријте и оставете да отстои до 30 минути, пијте три пати на ден.
Што се однесува до тинктурата, со неа треба да се консултирате со лекар бидејќи е посилна и поконцентрирана и треба внимателно со тинктурата од глог.
Еве еден вкусен и здрав рецепт за цај од Глог:
Потребни состојки:
2 чаши бобинки глог
½ шолја сушени шипки
4 чаши вода
1 лажичка цимет
½ лажичка кардамон
2 лажички мед
неколку капки рум
сок од 1 лимон
Подготовка:
Во вода ставете глог, шопки, цимет и кардамон и оставете да зоврие. Гответе на тивок оган 1 час, а потоа оставете да отстои 2 часа. Процедете низ газа, додадете мед и лимон.
Пијте по една кафена лажичка 4 до 5 пати на ден најмалку три месеци.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK