Легнаа пари на сметките на Тутунарите – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за произведен и продаден тутун од реколта 2023 година.
Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2023 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Висината на директните плаќања е 100 денари за предаден килограм тутун од 1-ва класа, 90 денари за предаден килограм тутун од 2-ра класа и 80 денари за предаден килограм тутун од 3-та класа.
Со оваа поддршка се стекнуваат над 14.300 тутунопроизводители со финансиска поддршка од близу 1.5 милијарди денари.
Во периодот што следи, Агенцијата ќе продолжи со реализација на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда,кози и пчели, директните плаќања за органско производство, за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Со завршување на контролите на лице место кај откупните претпријатија ќе следи и исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.
Легнаа пари на сметките на Тутунарите
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK