Аплицирање за субвенции – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик за производителите на јаболка дека од 10 мај 2024 година ќе можат да поднесуваат барања за подмерка 1.23.
Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.8. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка да е продадено во период од 15 септември 2023 година до 15 јануари 2024 година кај регистриран откупувач.
Максималната количина на јаболко која е прифатлива за финансиска поддршка е 60.000 кг по хектар која ќе се пресметува врз основа на големина на површина пријавена во 2023 гдина за одржување на насад со јаболко.
Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.
Аплицирање за субвенции
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на следниот ЛИНК.
Не чекајте на последниот рок туку аплицирајте си на време.
Можете тоа сами да го направите и преку интернет.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK