Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаБел ориз принос

    Бел ориз принос

    petel baner

    Бел ориз принос – ПРИНОСОТ НА БЕЛ ОРИЗ ВО ЗАВИСНОСТ ОД НАЧИНОТ НА СУШЕЊЕ НА АРПАТА ПО ЖЕТВАТА

    Кочанскиот ориз е првиот заштитен производ во Македонија со ознака на потекло и е извозноориентиран производ, препознатлив на традиционалните странски пазари.

    Otkup na kompiri

    Статистичките податоци покажуваат дека, во споредба со изминатиот период, приносот на оризова арпа по хектар, од година во година се намалува, а се
    намалува и приносот на бел ориз од преработена оризова арпа.

    Како еден од повеќето позначајни фактори, кој влијае на подобрување на приносот на бел ориз од преработената арпа и неговиот квалитет, е содржината на влага во арпата при жетвата и начинот на сушење на арпата по жетвата.

    Влијанието на начинот на сушење на арпата по жетвата во овие испитувања е анализирано на различни сорти оризова арпа.

    Содржината на влагата во арпата е измерена веднаш по жетвата на арпата, а потоа се применети два метода на сушење на арпата, екстензивен (на сонце) и во специјална сушара.

    Резултатите од испитувањатапокажаа дека кај сите сорти, по сушењето на арпата се зголемува процентот на рандман на бел ориз, а сушењето во специјална сушара дава подобар рандман во споредба со конвенционалното сушење.

    agrounik

    Доколку се земе предвид дека во нашата држава само откупувачите поседуваат вакви сушари со цел да си овозможат сигурно складирање на оризовата арпа, производителите се принудени и понатаму да вршат екстензивно сушење на арпата или да ја одложуваат жетвата до паѓање на слана, што дополнително го намалува рандманот на бел ориз.

    Врз основа на овие истражувања и фактите од успешните резултати кои досега ги даваат ИПАРД фондовите во насока на обновување на земјоделската механизација, потенцираме дека МЗШВ, преку овие ИПАРД фондови и набавка на специјални сушари со помал капацитет за сушење на оризовата арпа може значително да придонесе за поодржливо домашно производство на ориз.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Република Македонија
    автор: Надица Богатинова, Верица Илиева, Наталија Маркова Руждиќ, Биљана
    Балабанова.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img