Компиров молец штетник кој што може да нанесе значителни штети.
Култура: КОМПИР
Опис: Штетник е на компирот на отворено и во складиштата. Го напаѓа и тутунот, доматот и модриот патлиџан.
Има повеќе генерации годишно и презимува во стадиум на возрасна гасеница или кукла.
Женката полага јајца на лист од компир или откриени кртоли.
Гасениците ги минираат листовите, лисните дршки и продираат во стеблото.
Се хранат и со кртоли.
Позначајни штети причинуваат на компирот во складиштата. Кај нас ретко има потреба од негова контрола.
Кртолите за исхрана не се третираат.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK