Правичен откуп на грозјето – Направен е план на секое откупно место да има распореден инспектор кој што ќе биде коректив на процесот.
„Сакаме да ги елиминираме и најмалите простори за сомнеж и за манипулација во делот на откуп. Едноставно целиот процес да се заснова и да се спроведе согласно правилата и Законот кој што постои“ велат од МЗШВ
Инспекторите ќе бидат од Земјоделскиот инспекторат која е надлежна институција да го спроведе овој надзор и има овластувања да спречи злоупотреби.
Винарите и откупувачите треба да ги почитуваат договорените откупни цени, се подвлекува, односно да ги почитуваат сегашните договорени откупни минимални цени и да ги корегираат своите ценовници каде таа цена е сега пониска.
Оваа сезона беше посебно тешка за лозарите поради климатските промени, големата суша и проблемите со системите за наводнување.
Да се надеваме дека нема да има злоупотреби со мерењето на шеќерните единици на лозјето и на тој начин да се манипулира со цената на грозјето.
Квалитетот мора да се плати и награди.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK