Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

More
    домаАгро ВестиШтети од дивеч

    Штети од дивеч

    petel baner

    Штети од дивеч – Тешко оди наплатата на штетите предизвикани од диви свињи врз земјоделските површини.

    Земјоделци се жалат дека и по една до две години не можат да добијат надомест на штета. Фармер од селото Габалавци, Битолско вели дека диви свињи му ја „обрале“ нивата со пченка, а и покрај тоа што ги обезбедил сите докази никако не може да добие обештетување.

    Otkup na kompiri

    Напротив од надлежните институции добил информацијата дека требало да ги огради нивите. Земјоделецот работи 20 хектари под пченка, површина што не е запотценување, а колку ли ќе чини нејзиното оградување!?.

    -Пред година и пол диви свињи ми направија голема штета во нивите, се’ уништија што имав посадено под пченка. Пријавив до МЗШВ, платив геометар, направив еден куп трошоци, ме фати над 40 илјади денари, а досега не добив ништо, ни денар обештетување.

    Напротив ми кажаа дека требало да ги оградам нивите. Како да ги оградам кога обработувам 20 хектари, а за еден декар ограда ми се потребни 8.000 денари. Тоа е голем трошок и сметам непотребен.

    agrounik

    На што ќе личат нивите  и полето оградени?, се жали нашиот фармерот.

    Пред извесен период бил променет законот за ловство во делот на обештетување од заштитен дивеч. Но, земјоделците не се задоволни и бараат враќање на стариот начин на обештетување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На земјоделец од Габалавци диви свињи му ја изеле пченката, пари нема за штетите.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img