Тимот на Zemjodelie.mk им го честита 21-виот роденден на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ.
Повеќе од две децении верен партнер на земјоделците – со квалитетна механизација, алат, репроматеријали и континуирана поддршка за модерно и ефективно земјоделско производство.
Оваа година, организираат роденденски саем, а сите земјоделци од регионот се поканети.
РОДЕНДЕНСКИ САЕМ
Попусти, скара, дружење и одлична атмосфера
Петок, 5 декември
Сабота, 6 декември
Локација: Агроплац НАЈК ПРОМ – Дабиле
НАЈК ПРОМ овозможува роденденски попусти од 5% до 30% на целиот асортиман, достапни само за време на настанот.
Посетителите ќе уживаат во скара, пијалок, пријатно дружење и промотивни понуди.
Благодарност од Zemjodelie.mk
Му се заблагодаруваме на НАЈК ПРОМ за долгогодишната поддршка кон Zemjodelie.mk и кон целокупната земјоделска заедница.
Партнерите како нив, кои веруваат и вложуваат во развојот на земјоделството, овозможуваат нашиот портал да продолжи да опстојува и да креира вредност за земјоделците во Македонија.
Покана до сите земјоделци
Ги повикуваме сите земјоделци, семејни стопанства и млади производители да присуствуваат на роденденската прослава во Дабиле и да ги искористат специјалните роденденски услови.
Вас ве очекуваат одлични понуди, пријатна атмосфера и два дена исполнети со корисни информации и дружба.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK













