Моќниот трактор LOVOL 1654, од најсовремената IV генерација, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
LOVOL 1654 е снажен „интелигентен“ трактор со високи перформанси, кој располага со
голема моќност за обавување на тешки земјоделски работи. Во однос на конфигурацијата, LOVOL 1654 е моќен и сигурен модел без никакви недостатоци, подготвен да одговори на секое работно место и терен кое бара издржлив трактор со голема снага.

Тракторот LOVOL 1654 поседува ефикасен 6-цилиндричен дизел мотор со PERKINS
технологија со турбо-интеркулер систем и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини.
Синхонизираниот шатл менувач (Power Shuttle) со голем број на брзини 16+16,
овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции во различни
работни услови.

Тракторот LOVOL 1654 е современа земјоделска машина која располага со интелигентна опрема, интегриран CHCNAV GPS систем за управување кој обезбедува автоматизирано и високопрецизно водење на земјоделството, намалувајќи го заморот на операторот и подобрувајќи ја ефикасноста со точност на ниво на центиметар, интегрирајќи хидраулично-електрично управување за работа без раце при обавување работни операции како садење, прскање, орање итн.

Тракторот LOVOL 1654 располага со најнова четврта генерација на кабина со удобен
работен простор и ергономски дизајн, херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, звучно изолирана, со парно и клима, тапацирана, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, шибер, ролетна, Grammer воздушно и удобно седиште, помошно седиште за совозач, брисачи.

Тракторот LOVOL 1654 е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL 1654:
- Mоќност на мотор, 165 коњски сили (121kW)
- Број на цилиндри, 6 цилиндри
- Електронски контролиран погон на сите 4 тркала / 4WD
- Хидрауличен волан со прилагодлива висина
- Синхронизиран шатл менувач (Power Shuttle) / Брзини, 16 напред + 16 назад
- Гуми радијални, предни 480/65R28, задни 600/65R38
- Моноблок двосмерна хидраулика со 8 хидраулични излези (4 сета)
- Кардан со две брзини, 540/1000 вртежи во минута
- Тегови напред 10x80kg и назад 4x120kg
- Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, сет алат
- Grammer воздушно седиште
- Интегриран CHCNAV GPS систем за навигација и хидраулично-електрично
управување - Кабина, најнова IV генерација херметички затворена со филтрирање на влезниот
воздух, клима и парно, тапацирана, рамен под, помошно седиште, шибер, ролетна,
радио со USB, брисачи и друго.

Видео со тракторот LOVOL 1654:
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава,
полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн! Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така
нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за
сите тековни програми и подршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: najkprom@live.com
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и
професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори,
земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како
LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои
вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни
сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да
одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои
одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и
квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
Разгледајте дополнително понудата на Најк Пром Дооел на нивнатата веб страна, Фејсбук, Инстаграм.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK













