Падна договор помеѓу Тутунарите и Заев
Заврши неколкучасовната средба со премиерот Заев
Претставници на ИО излегоа задоволни од средбата одржана помеѓу преставниците на тутунарите и заев.
Членови на ИО влегуваат во Вторстепената комисија и нивното мислење ќе биде решавачко за одлуката како ќе се цени тутунот, но за тоа претставниците на ИО не бараат финансиски надомест.
Премиерот им ветил дека ќе се откупи целата реколта без разлика дали има договори или не.
Одбитоците да не бидат повеќе од 5 проценти.
Договорено е уште од сега да почне да се работи на измени на Законот за тутун и да се направи закон за следната реколта кој што ќе биде во корист на тутунарите.
За барањето да се прифати 200 денари загарантирана цена премиерот им рекол дека не може да се обврзе за такво нешто но дека очекува со сите овие мерки ако се почитуваат од 180 до 190 денари да биде просечната цена годинава.
Да се надеваме дека ова решение е финално и дека откупот на тутунот ќе продолжи во најдобар ред.
Средбата помеѓу Тутунарите и Заев е последна средба помеѓу преставниците на ИО на тутунарите и преставници на владата што во последниов период зачестија.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.