Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024

More
    домаАгро советиКако и кога правилно да се јаде мед?

    Како и кога правилно да се јаде мед?

    petel baner

    Сите видови на мед се лековити. Разликата помеѓу едниот, вториот или третиот мед е само по вкус. И, знаеме дека за вкусовите не треба да се дискутира. Единствената важна работа е правилно да ги користите.

    да се јаде мед
    Мед

    Некои видови мед, како што е медот од багрем, е наменет за деца на возраст од 1-2 години, бидејќи е најслаб мед и е погоден за дете чии органи за варење сè уште не се развиени. Сите други медови се многу посилни. Колку е потемна бојата на медот, и колку побрзо се кристализира, до толку е подобро.

    И покрај медот, има уште два пчелни производи, кои ги препорачуваат пчеларите, и кои се подеднакво ефикасни во борбата против вирусите и настинките.

    Се препорачува мешавина од мед, полен, прополис што го крева имунитетот и многу брзо решава какво било инфлаторно заболување или прополис во 2-3 форми во зависност од возраста и начинот на употреба: дали е во чај, на кора од леб и не се препорачува да го ставате со бел шеќер.

    Друга многу здрава комбинација е медот со семе од коприва, а некои дури го нарекуваат витаминска бомба. Сепак, за да ги постигнете најдобрите ефекти, мора да го користите во различни периоди од денот. Еве кога:

    Agrobot

    „Ако земете една кафена лажичка наутро, не смеете да јадете ништо пред тоа. Се топи како тврд бонбон во устата и половина час после тоа не смееме да јадеме, но ја регулира работата на тироидната жлезда. Ако се користи половина час по оброкот, тогаш тоа го зголемува нивото на железо во крвта.

    Како правилно да се јаде мед

    За да бидеме што поздрави, многу е важно како да се јаде мед. Односно, дали користиме дрвена, метална или некоја друга лажица. Еве совет од прва рака:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Земете мед со обична лажица. Не користете дрвена или пластична лажица. Знаеме од што е направена пластиката – нафта, а нафтата е канцерогена. Дрвени лажици имаат претежно кинеско потекло. Сите се идентични, идентични по боја, форма и текстура. Кога ќе земете дрвена лажица и ќе ја ставите во уста, веќе сте го загадиле дрвото со бактерии од устата. Велите, “ќе ги измиеме” . И, со што ќе ги миете, со детергент? Значи, подоцна ќе јадете детергент со мед?

    Дневната количина на мед зависи од вкупниот внес на енергија. Се препорачува медот да биде застапен во исхраната со 5% од вкупниот дневен внес на енергија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро училницаАгро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img