Отворено писмо до лидерот на ДУИ да се вклучи во решавање на проблемите на Тутунарите
Господине Ахмети дали вас како лидер на партија која се одржува на власт веќе 20 години ви требаат земјоделци и дали сте слушнале за нивните проблеми, во случајов конкретно тутунарите кои во огромен број се и ваши гласачи?
Познат сте по тоа дека без ваша дозвола владата па и парламентот неможат да донесат одлуки и закони без ваш амин.
Каде е тука вашата заложба и придонес за заштита на земјоделците конкретно сега тутунарите.
Земјоделците не се само во прилепско. Ги има во скопско, велешко, тетовско гостиварско, битолско, дебарско на секаде во државата.
Ни еден коментар ниедна изјава не сме слушнале ниту од вас ниту од вашиот прв видепремиер во заштита на земјоделците. Ве повикуваме помогнете, а ние ќе ви возвратиме знаете кога и знаете како.
Ова е текстот што Тутунарите го испратија до Али Ахмети.
Да видиме која ќе биде неговата реакција и дали конечно ќе се ангажира тој и неговата партија за правата на Земјоделците.
Дали Ахмети и Дуи се спасот за Тутунарите и нивните маки останува да видиме.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.