Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиЧернобил сè уште контаминиран

    Чернобил сè уште контаминиран

    petel baner

    Посевите во близина на Чернобил сè уште се контаминирани – млекото има пет пати поголема радиоактивност. Анализирајќи ги одгледуваните житни култури, тие откриле дека во скоро половина од примероците концентрацијата на радиоактивни изотопи стронциум 90 и цезиум 127 е над официјално дозволената граница.

    чернобил

    Иако поминаа скоро 36 години од нуклеарната несреќа, посевите што се одгледуваат во близина на Чернобил се уште се контаминирани. Ова го покажува новата студија спроведена од лабораторијата за истражување на Гринпис на Универзитетот во Ексетер и украинскиот Институт за земјоделска радиологија.

    Otkup na kompiri

    Анализирајќи житни култури, откриле дека во скоро половина од примероците ( 45% ) концентрацијата на радиоактивни изотопи стронциум 90 и цезиум 137 е над официјално дозволената граница во Украина. Тие, исто така, испитувале примероци од дрва и откриле дека три четвртини содржат концентрации на стронциум повисоки од дозволените.

    Пет пати поголема радиоактивност и во млекото

    Податоците за застрашувања беа откриени и во претходната студија. Истражувачите откриле дека млекото во делови на Украина има ниво на радиоактивност до пет пати поголема од дозволената граница. „Многу луѓе во областа што ја проучувавме чуваат млечни крави. Децата се главните потрошувачи“, рече водечката авторка на студијата Ирина Лабунска.

    Иако нивото на контаминација на почвата во изучените области не е исклучително високо, радиоактивниот цезиум сè уште се акумулира во млекото и во другите намирници. Жителите на овие села се хронично изложени на радиоактивност.

    agrounik

    Владата треба да продолжи да го следи зрачењето

    „Владиниот надзор над производите што содржат стронциум 90 заврши во 2013 година, но тој треба да продолжи. Тој е присутен во почвата и растенијата го примаат“, предупредува Лабунска.

    Нагласува дека луѓето мора да бидат свесни за континуираното загадување на почвата и растенијата. Владата треба дополнително да ги советува за најбезбедните земјоделски методи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Д-р Дејвид Сантило додаде дека има потреба да се рестартираат програмите за следење на животната средина и храната и да се осигура дека тие се соодветно финансирани во иднина. Тој исто така истакна дека се потребни дополнителни истражувања за да се проценат ефектите во областа Иванков.

    „Ако официјалните лица продолжат да го игнорираат овој проблем, нивото на радиоактивност нема да биде под границата до 2040 година. Станува збор за животот на луѓето“ , рече Лабунска.

    За најнови информации од областа на земјоделието посетете ја рубриката Агро вести, како и социјалните мрежи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img