Повторно ја таманат охридската пастрмка
Браво за полицијата
Државниот инспекторат за земјоделство викендов заедно со МВР – Езерска полиција, во Охридското езеро запленија 500 метри рибарски мрежи и 67 парчиња риба, грунец, белвица,мрена и пастрмка.
Притоа, беа затекнати два рибарски чамци во ноќна пловидба без дозвола, за што ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Активностите за заштита на рибниот фонд во езерото продолжуваат и покрај пандемијата и студеното време.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.