Farmeri.mk grupa група повторно е тука за нас. Пред околу еден месец оваа најголема и најстара група беше исклучена од Фејзбук поради објава од убиен волк. Некој ја пријави оваа група и за жал беше забранета.
Farmeri.mk преставуваше место во кое што сите Земјоделци се дружеа и разменуваа искуства и производи кои што си го продаваа.
Farmeri.mk беше невладина, независна и објективна група во која немаше ни политика ни омраза. Беше место во кое сите се дружеа и информираа без разлика на вера, нација или политичка припадност. Навистина незнаеме зашто на некој би му пречела ваква група.
Но како и да е тоа е сега завршена работа а ДОБРАТА ВЕСТ Е ШТО FARMERI.MK Е ПОВТОРНО ТУКА ЗА НАС.
Etem Karanfili секоја чест што и покрај неправдата што ти беше нанесена собра сила и повторно ја формираше оваа група која што повторно ќе ги собере сите фармери во Македонија. Најискрено ти посакуваме успех.
А Вас Земјоделци ве повкуваме да се зачлените во оваа група.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.