Куклиш е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. Куклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.
Надморската височина во селото е 250 метри, а површината на селото изнесува 2198 ha.
Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.
Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ha. Селото е најголемо село во Општина Струмица, но и едно од најголемите села во Струмичко Поле.
Се смета дека куклишаните се еден од највредниот и најработлив народ во нашата држава. За жените од село Куклиш велат дека се дури и посилни и од мажите.
Погледнете како изгледа рано градинарскиот центар во село Куклиш:
Дали е ова најголемиот раноградинарски центар во Македонија?
Раноградинари секоја чест.
Ersan Maksimovski благодариме за фотографијата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.