Германија ќе забрани убивање на машки пилиња следната година и со тоа ќе стане првата земја што го регулира ова со закон, изјави министерката за земјоделство, Јулија Клокнер.
Клокнер рече дека смета дека оваа пракса на уништување на машки пилиња е крајно неприфатлива.
Од почетокот на следната година, земјоделците ќе мора да имаат технологија со која би можеле да го утврдат полот на животното пред да се изведе. Со тоа тие навремено ќе спречат убивање на машки пилиња.
Само во Германија годишно се убиваат околу 45.000.000 машки пилиња затоа што не носат јајца и не се погодни за производство на месо.
Германскиот федерален административен суд донесе одлука во 2019 година дека благосостојбата на животните е над економските интереси. Заради ова го прогласи уништувањето за дозволено само во преоден период.
Сведоци сме на се повеќе нови правила и прописи од страна на ЕУ во областа на земјоделито. Прашање е колку обичните земјоделци се способни и моќни да се носат со сето ова?
Дали полека земјоделието станува гранка за големите и богатите, оние на кои им се лесно достапни овие иновации и технологии?
Коментирајте на нашите социјални групи Facebook и Viber. За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести.