Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиДив лук Семруш

    Див лук Семруш

    petel baner

    Див лук Сермуш – дали сте чуле за оваа вкусна и лековита билка.

    Див лук Сермуш ја има низ планините во Макеоднија но многу малку луѓе ја собираат и знаат за нејзината вредност. Повелете прочитајте за Див лук Сермуш

    Otkup na kompiri

    Дивиот лук во 1996-тата година е прогласена за медицинска билка на годината во Европа, а познатиот природонаучник др.Кунцл вели дека ниту една билка на светот не е така делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта, како што е тоа дивиот лук.

    Тој има голема лековита моќ, па дури и мечките кога ќе се разбудат од зимскиот сон, го бараат дивиот лук за да ги исчистат желудникот, цревата и крвта, па оттаму и едно од народните имиња на оваа билка е мечкин лук.

    Дивиот лук содржи есенцијални масла богати со алин, изоалин и други сулфидни соединенија. Младите листови имаат 20-50 mg витамин Ц и околу 7% каротен.

    Содржи алицин, еден од најмоќните антимикробни елементи во природата, па го нарекуваат и природен антибиотик. Поради високото количество аденозин, дури 20 пати е полековит од обичниот лук.

    Дивиот лук го намалува високиот крвен притисок, ја намалува количината на
    липиди, триглицериди и холестерол и делува како антиоксиданс. Исто така,
    помага при настинки бидејќи има антибактериско дејство, штити од атеросклероза, не дозволува соединување на тромбоцитите и помага кај проблемите со чир на желудник.

    Дивиот лук помага во подобрување на циркулацијата, благотворно делува на срцето, има антимикробно дејство(спречува инфекции и го забрзува зараснувањето на раните), го чисти организмот од штетни материи (пушење,алкохол и др.) покажува добро дејство во респираторните заболувања(бронхитис,астма и др.) и зацелување на рани(дерматитис итн). Дивиот лук (сремуш) е природен антиоксиданс и влијае во подобрувањето на имунитетот. Ефикасен е против цревни паразити кај деца и ја стимулира работата на желудникот и цревата.

    agrounik

    Освен тоа дивиот лук (сремуш) може да се користи и надворешно, за измивање на косата со кое го спречува сезонското опаѓање на косата. Најдобро е неговото дејство тогаш кога капки од див лук се измешат со шампон од коприва и со тоа се мие косата два пати неделно. Така на природен и загарантиран начин ќе го намалите опаѓањето на косата.

    Дивиот лук, за жал не е достапен преку целата година, но набран во фрижидер може да се чува неколку денови. Со сушење и готвење ги губи лековитите својства па затоа на пазарот се продаваат тинктури (капки) кои ќе можат да се користат кога ќе притребаат. Можете да припремите и лековито вино или други специјалитети кои се пијат или јадат веднаш по припремањето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сега во текот на зимата и со опаѓањето на имунитетот дивиот лук е одлично природно средство кое македонската природа ни го нуди!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img