Пепелница на јагодата – Podosphaera macularis
Култура: ЈАГОДА
Опис: Кај осетливите сорти од долната страна се рзвива нежен бел налеп, кој тешко се забележува , се развива брзо и ја прекрива целата лиска.
Лисјата стануваат кожести, се свиткуваат од рабовите кон лицето.
Плодовите стануваат тврди и не созреваат нормално.
Инфицираните зрели плодови омекнуваат и гнијат.
Тие имаат мирис на габи, на мувла.
Паразитот презимува, главно, како мицелија во заразените растенија.
Болеста се развива при температура од 15 – 17С и суво време.
Инкубациониот период на пепелница на јагодата – Podosphaera macularis трае околу 6 дена.
Заштитата од пепелница на јагодата – Podosphaera macularisсе се врши со одгледување на отпорни сорти, употреба на системични фунгициди од базата на бутонизација до појавата на првите зрели плодови.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.