Вештеркини метли кај кајсијата – Taphrina weisneri
Латинско име на болест: Taphrina weisneri
Култура: Кајсија
Оваа болест се манифестира со така што од заразените пупки се развиваат ластари што личат на МЕТЛИ.
Првите листвои кои се појавуваат, имаат црвенкава боја .
Потоа тие хипертрофираат и стануваат ненормално големи, здебелени и малку накадравени. На опачината од листвоите се појавува сивкаста навлака од аскуси со аскоспори.
Најпосле листовите стануваат кафеави и изумираат, но не опаѓаат.
Габата која ја причинува оваа болест вештеркини метли кај кајсијата се одржува во вид на мицелија во дрвенестите делови .
Од лисните пупки се развиваат хипертрофирани листови, а од пупките од заразениот лист дрвенест дел се развиваат во народот наречени вештеркини метли .
Болеста се разива во почетокот на вегетација , при влажно , врнежливо и студеникаво време.
Заштитата започнува со спалување заразените ветки.
При нивно отстранување , тие се режат со дел од 10см од здравото ткиво .
Од хемиските средства можат да се користат истите што се користат како и против T. deformans.
Вештеркини метли кај кајсијата – Taphrina weisneri може да нанесе сериозна штета на овоштарник со кајсии затоа треба навремено следење и реагирање.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.