Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеПченица збогатена со цинк и пченка отпорна на штетници

    Пченица збогатена со цинк и пченка отпорна на штетници

    petel baner

    Сорти пченица збогатена со цинк и пченка отпорна на штетници доаѓаат на пазарот. Новите сорти ќе се развиваат со традиционални техники на одгледување, наместо на ГМО-базирани.

    Научниците од Меѓународниот центар за размножување пченка и пченица (CIMMYT) веруваат дека новите сорти пченица збогатена со цинк и пченка отпорна на штетници ќе обезбедат повеќе минерали во исхраната на милиони сиромашни луѓе кои се борат со неухранетост.

    Otkup na kompiri

    „ Очекувам дека новата сорта со висока содржина на овој елемент прави најмалку 80 проценти од оние што ќе се најдат низ целиот свет во следните 10 години. Но сега тие имаат удел од само девет проценти“ , рече Мартин Кроф генерален директор на ЦИММИТ.

    Истражувањето на овој центар, со седиште во Мексико, е насочено кон зајакнување на приносот и егзистенцијата на глобално најсиромашните земјоделци. Станува збор за земји од Третиот свет. Исто така, се обидува да одговори на предизвиците што ги предизвикуваат климатските промени, како суша, затоплување и растителни патогени микроорганизми.

    пченка отпорна на штетници

    Тие не се ГМО

    Според директорот на овој центар, овие „подобрени“ сорти се создаваат во соработка со нивните партнери. Тоа се компании за семе од Индија, Пакистан, Бангладеш, Мексико и Боливија, а на нив ќе им се придружи и Кина.

    Тој очекува скоро сите нови сорти на пченица да се подобрат нутриционистички во текот на следната деценија. Тие се развиени со традиционални техники на одгледување наместо да се базираат на генетски модифицирани организми (ГМО). Тој вели дека ваквите семиња се способни да ја намалат неисхранетоста преку житарките конзумирани низ целиот свет.

    agrounik

    Неговото ширење ја подобрува исхраната, во која нема минерали како цинк и железо, и се неопходни за борба против вирусите. Имено, недостатокот на цинк е една од главните причини за неухранетост во светот. Се проценува дека влијае на повеќе од 2 милијарди луѓе.

    Пченка отпорна на штетници

    Нивните научници, имаат буџет за истражување од 120 милиони американски долари. Развија околу 70 проценти од сорти пченица кои во моментов се сејат на глобално ниво и околу половина од пченка. Тие исто така неодамна развија сорти пченка отпорна на штетници, инсекти што им нанесуваат големи штети на посевите во Африка и Азија и ќе ги дистрибуира во повеќе африкански земји. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кроф коментира дека CIMMYT, кој во една типична година развива и применува околу 35 одгледувани сорти пченица на глобално ниво, исполнува простор што го избегнуваат повеќето познати компании за семе.

    „ Создаваме сорти за оние средини каде приватниот сектор не може да заработи многу пари “. Најсиромашните земјоделци исто така мора редовно да прифаќаат иновации во свет каде штетниците и болестите се сè поголем проблем.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img