Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиКорисни совети за успешна сеидба на тиквички

    Корисни совети за успешна сеидба на тиквички

    petel baner

    Сеидба на тиквички во наши услови се врши од крајот на април до средината на следниот месец. Ви даваме совети кои ќе ви помогнат во тоа за културата што потекнува од исто семејство како краставица и лубеница.

    1. Многу плодна почва и ѓубриво или компост се погодни за оваа зеленчукова култура бидејќи влијаат на нејзиниот раст и формирање на големи листови. Се нанесува на есен, додека во пролет се препорачува оплодување со азот.

    Otkup na kompiri

    2. Се сее кога ќе помине опасноста од мраз. Тиквичката е култура што ја сака топлината. Кога температурата е од 22 до 24 степени, тиквичките никнуваат за само четири дена.

    3. Кога станува збор за избор на локација, изберете сончеви позиции заштитени од ветерот, бидејќи поради ветрови со посилен интензитет, нејзините листови се оштетуваат.

    4. Почвата треба да има неутрална pH вредноста од 6,5 до 7,5 , а оптималната влажност на почвата е 70 проценти PVK.

    5. Бидејќи оваа зеленчукова култура произведува голем број листови кои имаат голема асимилациона површина, потребно е да се обезбеди доволна количина на влага во почвата. Сепак, не треба да претерувате со количината на вода, бидејќи големи количини на истата и нејзиното задржување доведуваат до гниење на коренот.

    agrounik
    сеидба на тиквички

    6. За да направите семето да ‘рти побрзо, оставете го во топла вода цел ден пред сеидбата. Убаво исушете го пред да го ставите во земја за да не изгние.

    7. Временскиот период што мора да помине пред да се сее тиквичка на истата парцела е четири години. Нејзината претходна култура не треба да биде култура од ист род и не треба да се сее во близина. Пченката, цикоријата , мешунките, босилек, коријандер се сметаат за добри „соседи“ на тиквичките.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    8. Жбунестите видови се сеат на растојание од 120 × 60-80 см. Оптималната длабочина на сеење на семето е 3 см.

    9. Откако ќе никнат растенијата, најдоброто од нив се остава, додека остатокот се отстранува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img