Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-4.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиКолапс на индустријата за свинско месо во Кина

    Колапс на индустријата за свинско месо во Кина

    petel baner

    Изградбата на огромни фарми чинеше многу, а наглиот пад на цените на свинското месо и зголемените трошоци заради свинската чума ги доведоа производителите до тешка економска состојба. Сево ова полека доведува до колапс на индустријата за свинско месо.

    Кинеските компании за одгледување свињи тонат во се потешка економска состојба. Нивниот бизнис е отежнат од падот на цените на месото. Но, потоа и од зголемувањето на трошоците, пред се оние што следат по вториот бран на епидемијата на  африканска свинска чума и високите цени на храната.

    Otkup na kompiri

    Чумата ги уништи стадата таму, што резултираше со отворање на големи индустриски фарми кои остварија огромни профити. Нивната конструкција беше скапа, но им се исплатеше на сопствениците, додека цените на месото беа високи. Иако тие сè уште се стабилни, големите фарми стануваат сè помалку профитабилни.

    Во моментов, корпорации како Muyuan Foods , New Hope или Guangxi Yangxuang произведуваат милиони животни годишно и доминираат во овој кинески сектор. Треба да се напомене дека пред само неколку години, семејните фарми со до 50 грла чуваа две третини од свињите во таа земја.

    Трошоците за производство се зголемија за 30 проценти?

    Според аналитичарите, цените на свинското месо се до 40 проценти пониски од минатата година. Од друга страна пак, трошоците на големите фарми се за 30 отсто повисоки од вообичаеното.

    Цените на берзата нагло се зголемија на околу 3,85 евра за килограм жива мера по вториот бран на АСК во февруари и убиството на милиони маторици за размножување. Сепак, тие паднаа околу 10 проценти на 3,46 евра во март. Во споредба со Европа, сегашните цени во Кина се уште се повисоки, но индустриските фарми сè уште се во неволја.

    agrounik
    Колапс на индустријата

    Поради вториот бран на чумата, многу животни беа заклани, што предизвикаа значителни загуби. Имено, многу свињи биле испратени порано во кланицата од страв од инфекција со оваа болест. Ова повлекува помала тежина и помал профит за производителот.

    Тамошната Tech-bank Food предвидува пад на профитот од 50 до 60 проценти за повеќето мега фарми оваа година. Ако цените на месото продолжат да паѓаат и трошоците остануваат високи, работите можат да бидат уште полоши. Сепак, Мујуан е единствената голема компанија што сè уште предвидува раст на приходите. Аналитичарите претпоставуваат дека тоа е затоа што тие завршиле многу подобра работа од конкуренцијата, особено во борбата против чумата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Понатамошниот развој на настаните ќе зависи од тоа дали големите компании ќе се соочат со овој вирус, што е очигледно опасно за фармите во нивна сопственост бидејќи голем број животни се наоѓаат таму на мал простор, па затоа ризикот од инфекција е голем. Ако таму се појави епидемијата, илјадници свињи ќе мора да бидат убиени.

    „ АСК останува главниот проблем на големите кинески компании, а не профитабилноста “, рече аналитичарот на „Рабобанк“, Пан Ченџун.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img