Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиБританија со нов Закон за заштита на животните

    Британија со нов Закон за заштита на животните

    petel baner

    По напуштањето на Европската унија, британскиот парламент воведува нов Закон за заштита на животните. Земјоделците ќе добијат стимулации за добри услови за размножување.

    Владата на Велика Британија објави дека со нов закон ќе ги признае животните како живи суштества. Ќе бидат утврддени голем број мерки за нивна благосостојба. Реформите ќе бидат воведени преку Законот за благосостојба на животните. Така ќе се заштитат добитокот и домашните миленици во земјата. Исто така ќе се обрне внимание на увозот од странство. Сето ова е дел од планот по Брегзит, со кој тамошната влада сака да ги подобри стандардите откако земјата ја напушти Европската унија.

    Otkup na kompiri

    Што значи тоа? Првенствено ќе се забрани извоз на жива стока за колење и гоење. Ќе се разгледа и забрана за продажба на црн дроб од патка и гуска (за обработка). За ова неодамна организациите за заштита на животните реагираа многу гласно, пишува Ројтерс . Другите мерки вклучуваат задолжително микрочипирање на мачките. Со оваа мерка ќе се намали шверцот. Ќе се формира и работна група за спречување на кражби што се зголемиле за време на пандемијата. Исто така, на луѓето нема да им биде дозволено да чуваат примати како домашни миленици. Електричните околувратници за дресирање ќе бидат забранети.

    agrounik

    Стимулации за сточарите

    Сепак, употребата на кафези за живината и боксови за свињите нема да биде експлицитно забранета, како што бараат преговарачите за правата на животните. Наместо тоа, нивната употреба ќе биде контролирана. Земјоделците ќе добијат стимулации за подобрување на здравјето и благосостојбата преку иден режим на субвенционирање на земјоделски производи, пишува Гардијан. 

    Дополнителни предлози вклучуваат разгледување на забрана за увоз на ловечки трофеи на загрозени животни. Потоа, ставање крај на увозот и извозот на перки од ајкула и подобрување на благосостојбата на добитокот за време на транспортот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „ Ние сме нација на љубители на животни и ние сме првата земја во светот што донесува закони за нивна благосостојба “, рече локалниот министер за животна средина Џорџ Јустис. Истакна дека тие како независна нација сега можат да одат подалеку од кога било и да ги надградат своите одлични резултати.

    „ Почитувањето на благосостојбата на животните не само што е позитивно за нив, туку ќе има клучна улога во исполнувањето на глобалните предизвици за животната средина и јавното здравје, како што се климатските промени, отпорност на антибиотици и превенција од пандемија “, рече Клер Бас , извршна директорка на „Humane Society International/UK“.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img