Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-3.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиЗа почетници во одгледување на зеленчук

    За почетници во одгледување на зеленчук

    petel baner

    Ако сте решиле да го инвестирате слободното време во одгледување на вашата зеленчукова градина, прочитајте го овој текст во кој ќе ви објасниме кои чекори треба да ги следите за да одгледувате органски зеленчук во вашата градина. Четири совети за успешна градина за сите почетници во одгледување зеленчук.

    Треба да се следат само четири чекори за да бидете успешни и да не мора да поминувате многу време во вашата зеленчукова градина.

    Otkup na kompiri

    Првиот чекор за почетници во одгледување зеленчук

    Направете автоматско наводнување на вашата зеленчукова градина. Но, мора да бидете претпазливи и да знаете дека повеќето градинарски култури кога се високи температури пропаѓаат затоа што се премалку или пак премногу наводнети. Сепак, не оставајте ваква важна ставка на вашите деца само затоа што од работа сте дошле уморни. Создадете систем за наводнување. Никогаш не ставајте црева за наводнување на патека за одење каде што може лесно да се извалка или затне со ѓубре.

    agrounik

    Вториот чекор

    Координирајте го изборот на вашиот зеленчук. Најдобро е зеленчукот да биде разновиден, но мора да знаете колку простор му е потребен за раст и развој. Најлесно е да се одгледуваат босилек, домати и пиперки. Им треба сличен простор за раст и развој над земјата.

    почетници во одгледување

    Трет чекор

    Примената на црни, транспарентни и проsирни (фотоселективни) фолии ја зголемува температурата на почвата, што влијае на побрз раст на растенијата, порано зреење на овошјето, зголемен принос, но и на квалитетот на плодот. Овие фолии се користат зао одгледување во зима и рана пролет (зелена салата, пиперки, домати, краставици, зелка). Белата фолија може да се користи за култури одгледувани во текот на летото (салата на отворено, плодови зеленчук во заштитени области).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Четвртиот чекор

    И, конечно, четвртиот чекор што треба да го следите е често да го собирате зеленчукот. Колку почесто ги берете, толку подобро и побрзо ќе растат. Проверете ја вашата зеленчукова градина често, за да не се појават штетници што ќе ја уништат вашата работа и напор.

    Лесно ќе ги извршите и следите овие четири чекори. Секој пат кога ќе направите зимница, јадење или салата од своите одгледани производи, ќе бидете среќни.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img