Германија забрани продажба на пластични производи за еднократна употреба. Со ова се спроведува европската директива насочена кон заштита на океаните од загадување.
Новиот закон, донесен во септември минатата година, забранува, меѓу другото, пластични стапчиња за уши, прибор за јадење, чинии, сламки, лажици и чаши.
Исто така, забрането е и пакување од полистирен што се користи за пакување храна.
Германскиот закон ја спроведува европската директива донесена во 2018 година, по неколкумесечни преговори меѓу членките на ЕУ. Со неа Германија забрани неколку различни категории пластика.
Според Европската комисија, производите насочени кон директивата претставуваат 70% од ѓубрето што завршува во океаните и на плажите.
Продажбата на постојните залихи треба да остане дозволена и по 2021 година.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber