Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиГниење на главицата од кромидот

    Гниење на главицата од кромидот

    petel baner

    Извлекувањето на кромидот мора да се изврши во суво време. Односно, во денови кога метеоролозите најавуваат барем неколку дена суво време, со цел главиците на теренот добро да се исушат. Вака би се заштитиле од гниење на главицата од кромидот.

    agrounik

    Доцнењето во вадењето го намалува квалитетот на главите, го отежнува складирањето и го зголемува ризикот од развој од предизвикувачи на гниење. Под поволни услови за развој на болести, габите од родот Ботритис можат да предизвикаат голема штета. Ова се рефлектира во распаѓање на лисната маса, намален принос и квалитет на главиците. Сите видови кромид можат да бидат нивни домаќини.

    Otkup na kompiri

    Предизвикувачи за гниење на главицата

    Botrytis allii е предизвикувач на гниење на главата во поле, кое продолжува подоцна, за време на складирањето. Често, овој вид на теренот се развива во латентна форма (без видливи последици). Гниењето се развива посилно во магацините по еден месец чување на кромидот. Симптомите на гниење се појавуваат прво на вратот на главицата. Потоа, патогенот продира во внатрешноста на главата, поради што лушпите добиваат потемна боја, а помеѓу нив се формира белузлав мицелиум со конидии.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Многу ретко, овој патоген предизвикува симптоми на листовите кои се во форма на ситни бели дамки со вдлабнатини во сламеста боја. B.cinerea, исто така, предизвикува гниење на главата, слично на претходниот патоген. Симптомите на болеста се манифестираат во форма на белузлави дамки со ореол со светло зелена боја. Слични симптоми можат да бидат предизвикани од трипси или некои хербициди, но без присуство на ореол. Под поволни услови, дамките се шират, листовите некротизираат и умираат. Со заразени главици, паразитот стигнува и до магацинот, и ако инфекцијата не се открие на време, гниењето ќе се прошири на здравите главици.

    Гниење на главицата

    Заштита од гниење

    Најважната заштита од овие патогени е употребата на здрави семиња и садници. Се препорачува тригодишна ротација на земјоделските култури, отстранување на овојните љуски при отстранување на кромидот и просушување на главите пред да се стават складот. Доколку се појават симптомите, треба да се користи препаратите од групата „ботрициди“. Ако станува збор за производство на млад кромид во пластеник, прскањето е отсутно заради периодот на чекање, затоа треба да се посветиме на превенција.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img