Рецепт за јаболков оцет си рековме да објавиме да не се заборават овие знаења не се знае какви времиња доаѓаат. Еве рецепт па кој сака нека си прочита.
Рецепт за јаболков оцет
За да направиме јаболков оцет, потребни ни се само јаболка, најдобро по можност диви, непрскани и шеќер.
Само 50 до 100 грама шеќер е доволно за 10 килограми јаболка, а ако јаболките се навистина слатки, тогаш шеќер не е потребен.
Исечете ги измиените јаболка, заедно со семето и кора. Додадете шеќер и измешајте. Оставете сè да стои три до четири недели.
Повремено мешајте и чувајте на температура помеѓу 18 и 25 степени.
Оцетот е готов по видување т.е ќе мора да пробате и доколку ви се допаѓа вкусот тогаш е готов по што се процедува и се полни во стаклени шишиња без талогот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK