Боров мед – рецепти и како се користи.
Боровиот мед е одамна познат во народот како одличен лек и превентива за заболувања на дишните патишта, градите, разни кашлици и слично.
Бидејќи се повеќе ги забораваме овие одлични начини на лекување и се повеќе трчаме по хемија во аптеките се решивме да објавуваме вакви рецепти.
Боров мед – како се прави.
1 кг обичен шеќер ама подобро би било да го направите со 1 кг мед.
Овој рецепт некој го прави и со еден литар ракија.
400 грама млади фиданки само врвовите од бел бор (потрудете се да ги наберете од повисоко и еколошко чисто место)
Фиданките се мијат и се сушат на крпа.
Во поголема стаклена тегла ставете ги врвовите од бел бор и додадете го шеќерот или медот.
Теглата протресувајте ја од време на време без да ја отварате.
Теглата поставете ја на сончево место и почекајте околу 3 до 4 месеци. Доколку теглата ја оставите на сонце овој сируп ќе биде готов и за 40 дена.
Смесата се процедува низ газа во нова стаклена тегла.
Се користи по потреба, по една супена лажица 2-3 пати дневно.
Превентивно: 1 лажица дневно, најдобро пред оброк или помеѓу оброци.
Се употребува при кашлица и густ секрет. На деца се дава исклучиво по консултација на лекар.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.