Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиОдгледување лимон

    Одгледување лимон

    petel baner

    Одгледување лимон – сликата ни ја испрати Пеце Јошевски.

    Директно од Рубликата Агро Шампиони – прекрасен прмерок на домашно одгледан лимун.

    Otkup na kompiri

    Лимонот е дрво од фамилијата цитруси. Ширум светот се одгледува во многу варијанти, разликите се само во надворешниот изглед, додека хранливите својства се непроменливи.

    Лимонот може да биде жолт и зелен кој се добива со калемење, но тоа е само комерцијална поделба. Зелениот лимон се добива по вештачки пат.

    Има тенка кора и сочно месо, издржлив е за транспорт и складирање. Вообичаениот жолт лимон созрева во зима.

    Лимонот е мало дрво со висина од околу 3 до 6 метри и со виолтови цветови.

    Понекогаш ова дрво се одгледува и како украсно, но најчесто за добивање плодови. Во поволни климатски услови лимон дава род два пати годишно. Пролетно цветање кога се добиваат најквалитетни плодови трае најмалку два месеци. Исто толку долго зрелите плодови можат да чекаат за берење, што значи може да има непрекината берба цела зима од ноември до април или мај. Второто цветање кое во комерцијалните насади се прави присилно, трае од август до септември, а плодовите се берат во февруари, веднаш по зимската берба. Едно дрво во поволни климатски услови со сите применети агротехнички мерки може да даде род од 600 до 800 плодови годишно. Лимонот исто така е совршен за одгледување во саксија. Единствениот недостаток им е што ако ги засадите од семка ќе им требаат години да пораснат. Можете да си земете веќе израснато дрвце од расадник.

    Пресадување и наѓубрување

    Младите лимонови дрвца е потребно да се пресадуваат секоја година. Но не треба да се менува саксијата доколку корењата не ја зафатиле целата земја. Во тој случај е доволно да се замене дренажата и горниот слој на почвата во саксијата. Плодоносните постари дрвца се пресадуваат не почесто од еден пат во 2 – 3 години. Пресадувањето се прави пред почетокот на периодот на растење.

    По завршувањето на периодот на растење не се препорачува пресадување. При пресадувањето не се препорачува претерување во намалувањето на постарата веќе постоечка земја. Неопходно е да се направи добра дренажа. Кореновата шија во новата саксија треба да биде на иста висина на каква што била и во старата саксија. Во првата половина од летото се применува течно ѓубриво. Таа го покачува шеќерот на плодовите и го намалува горчливиот вкус. На растението му е потребно повеќе ѓубриво доколку тоа е постаро и се наоѓа подолго време во иста саксија. Ѓубривото се нанесува после полевањето.

    agrounik

    Наводнување

    На лимонот му е потребно светло и топло. Цветањето и заврзувањето на плодовите најдобро произлегува при средна температура на воздухот и почвата + 15 – 18 C. Во зима се препорачува да се држат во светли и проладни простории ( до 12 C ). Лимоните се многу чуствителни на промена на климата. Ако ги поставете плодните дрвца на улица, од наглата промената на светлото и температурниот режим, може да му испаѓаат плодовите дури и лисјата, како резултатот од промената на климата може да се јаве и отсуство на плодност и во наредната година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Одгледување лимон

    Во лето и пролет потребно е обилно наводнување 1 – 2 пати во ден со топла вода, во зима ретко и умерено – 1-2 пати во неделата исто така со топла вода. Но не треба ни во зима да се дозволи пресушување на почвата, поради што тоа ќе доведе не само до опаѓање на листјата туку и на плодовите. Но од друга страна не треба да се заборави, дека од премногу влага растението изумира. Почнувајќи од октомври полевањето се намалува. За да се обезбеди дишење на корењата и да се спречи застој на водата во саксијата горниот слој на земјата периодично треба да се раскопува. Најголем производители на лимони се Мексико, Индија, Иран , Шпанија , Бразил, Агрентина.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img