Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиМинистерот vs Тутунарите

    Министерот vs Тутунарите

    petel baner

    МИНИСТЕРОТ

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Хоџа не се согласува со барањето на ИО на тутунари за загарантирана откупна цена од 200 денари за килограм тутунНе може секаде државата да се јавува како купувач и да доплаќа разлика во цена, кај тутунот има Закон и класи и се знае како треба да исплаќа. Вака одговори министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на барањето на новоформираниот Иницијативен одбор на тутунари. Иницијативниот одбор на тутунари меѓу другото побара загарантирана откупна цена за тутунот од 200 денари за килограм, ако не се постигне заради нереалните проценки државата да ја доплати разликата. На прашањето дали министерот Хоџа е запознаен за Иницијативниот одбор на тутунари, формиран од над 3000 тутунари од цела Македонија, што во моментов во Прилеп одлучуваат дали ќе има блокади и протест низ државата, тој вели дека е отворен за соработка за било кои прашања, но дека на денешниот состанок разговара со легитимни здруженија на тутунари кои што ги претставуваат барањата на тутунопроизводителите.

    Otkup na kompiri

    ТУТУНАРИТЕ

    Предупредувачки протест на тутунарите во недела, од понеделник генерален штрајк во државата-одлучи Иницијативниот одбор на тутунарите Предупредувачки штрајк на тутунарите во недела одлучи Иницијативниот одбор на денешниот состанок во Прилеп. ИО составен од земјоделци тутунари од сите региони во државата одлучи во недела да излезе на предупредувачки протест а во понеделник ИО го повикуваат министерот Хоџа да се сретне со нив, а ако не се сретне од понеделник најавуваат генерален штрајк и блокади на патиштата низ државата. Барањата на ИО се загарантирана откупна цена на тутунот од 200 денари, и ако не се постигни таа цена државата да ја доплаќа. Потоа да се намалат одбитоците кои сега се движат околу 10 проценти, максимум да се 5 проценти и проценката на тутунот да се врши на целиот пакет а не на неколку листови. Односно бараат реална проценка и велат дека нема да отстапуваат од овие барања. ИО бара и укинување на четвртата класа при проценката на тутунот.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img