Овие намирници обезбедуваат доволно витамини, минерали и протеини, а не го зголемуваат нивото на холестерол и масти. Неколку видови на храна за добра линија.
Некои намирници имаат многу хранливи материи и можат да заситат, а не да дебелеат, секоја диета се сведува на што помалку калории, помалку килограми. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека помалку калории значи помалку енергија, а таквата диета може да го загрози здравјето.
Краставица
Покрај тоа што го намалуваат ризикот од рак, краставиците ги исфрлаат токсините од телото. Бидејќи најголемиот дел од составот на овој зеленчук е вода, тој е нискокалоричен, а телото троши многу енергија за да го свари, што доведува до губење на тежината.
Житарици
Појадокот со житарки ќе ви ја даде потребната енергија за почеток на денот, а во исто време ќе спречи „напади на глад“ во попладневните часови.
Лубеница
Покрај тоа што е вистинско летно освежување, лубеницата е и идеален соборец кога е диетата во прашање. Полна е со витамини и има малку калории, па можете да уживате во неа без грижа на совест.
Грозје
Ова овошје е идеална здрава замена за слатките. Освен што е полно со витамини и влакна, грозјето го чисти организмот, го забавува стареењето и влијае на разградувањето на масните наслаги.
Јаболко
Ова овошје е богато со витамини и влакна, а нутриционистите советуваат да јадеме по едно јаболко дневно. Го намалува холестеролот, а поради пектинот кој „набабрува“ во желудникот и создава долготрајно чувство на ситост.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.