Чај од липа е познат како многу лековит, одличен антиоксиданс и како напиток кој го зајакнува имунитетот. Сепак, правилно подготвен е само на еден начин. Во остатокот од текстот дознајте како.
Чајот од липа е исклучително здрав и се користи уште од античко време за ублажување на бројни заболувања. Лекарите го сметаат за еден од најздравите пијалоци, бидејќи содржи различни витамини и минерали.
Исклучителен е како антиоксиданс и за зајакнување на имунитетот. Ги регулира проблемите со варењето, одличен е против стрес, а може да го користат и деца.
Чајот од липа е благ релаксант, особено ефикасен за нервна напнатост и анксиозност. Истражувањата покажаа дека позитивно влијае на расположението и го намалува притисокот врз срцето. Освен тоа, има силно антиинфламаторно дејство и лекарите препорачуваат да се користи при болки во мускулите и болести на зглобовите, како и при воспаление на крвните садови и на респираторниот тракт. Ги ублажува симптомите на настинка и грип и ја намалува покачената телесна температура.
Правилна подготовка на чај од липа
Она што е специфично за подготовката на овој чај е тоа што за оваа намена се користат само цветови, а никако листови липа. Цветовите содржат голема количина на антиоксиданси и активни состојки, вклучувајќи фитохемикалии, флавоноиди, кумарин и кверцетин. Покрај тоа, цвеќињата имаат многу есенцијални витамини и минерали кои го одржуваат човечкото тело во добра форма. Вака подготвен чај ќе има најдобар ефект врз вашето тело.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.