Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиЦената на пченицата падна поради договорот меѓу Русија и Украина

    Цената на пченицата падна поради договорот меѓу Русија и Украина

    petel baner

    Цената на пченицата падна на европскиот фјучерс пазар на 333 евра за тон. Ова се должи поради договорот за извоз меѓу Русија и Украина.

    Во Истанбул беше потпишан договор меѓу Русија и Украина за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

    Otkup na kompiri

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика овие две земји целосно да го имплементираат документот. Тој го отвора патот за „значителни количини на комерцијален извоз на храна“ од трите клучни украински пристаништа – Одеса, Чорноморск и Јужне, според SkyNews . 

    Гутереш рече дека договорот ќе биде од корист за земјите во развој „на работ на банкрот и за најранливите луѓе на работ на глад“.

    agrounik

    Штом веста за потпишувањето стигна во јавноста, веднаш предизвика пад на цените. 

    Пад од 18 проценти

    Цената на пченицата  падна за 18% за тон на 333 евра, пренесува Agrarheute.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Потпишаниот документ гарантира безбедно функционирање на извозните правци во Црното Море. Вклучува и формирање на координативен центар под покровителство на Обединетите нации. Тоа подразбира деминирање на украинските пристаништа, заеднички инспекции на излезите и влезовите во пристаништата и напори за обезбедување безбедност на извозот. Координативниот центар за извозни пратки ќе биде во Истанбул, Турција и ќе вклучува претставници од ОН, Турција, Русија и Украина.

    Рускиот претседател Владимир Путин на 19 јули во Техеран изјави дека Москва е подготвена да го олесни извозот на жито од Украина. За возврат да се укинат ограничувањата за рускиот извоз на храна. Москва е подготвена да дозволи непречен премин на бродовите со украинско жито. Сепак прво Киев мора да ги исчисти своите пристаништа од мини.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img