Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиТракторите ќе поскапат – цената на компонентите повисоки?

    Тракторите ќе поскапат – цената на компонентите повисоки?

    petel baner

    Тракторите ќе поскапат – Доминантен проблем е недостигот на компоненти за производство, додека побарувачката е за 15 до 20 отсто поголема отколку пред короната.

    Понудите од производителите на земјоделски машини започнуваат во август и септември. Сепак, оваа година производството на земјоделски машини е придружено со проблеми во синџирите на снабдување и достапноста на компонентите, со кои се бори и  Fendt од Марктобердорф, пишува Frankfurter Allgemeine.

    Otkup na kompiri

    Претседателот на управниот одбор на компанијата, Кристоф Гроблинхоф , изјави дека тракторите и земјоделската механизација ќе бидат поскапи.

    agrounik

    Недостасуваат компоненти

    Доминантен проблем е недостатокот на компоненти за производство. Гроблинхоф наведува дека побарувачката е висока  – на глобално ниво 15 до 20 проценти повисока отколку пред короната. „ Имаме проблеми во синџирите на снабдување, тоа е она што најмногу не оптоварува “, нагласи тој. 

    Производството е под притисок поради недостаток на чипови, полупроводници. Освен што тешко се набавуваат, компонентите поскапеа и до 100 пати. Цената на чипот кој пред епидемијата на коронавирус чинеше 14 евра, денес достигнува вртоглави 1.400 евра. Тоа резултираше со поскапи трактори, комбајни и други приклучоци чии цени ќе бидат зголемени за 15 до 20 отсто.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поскапе и најпродаваниот трактор

    Најпродаван трактор во Германија е Fendt 724 Vario, а основниот модел е на пазарот во 2022 година со проценка од 246.000 евра. Со поскапување од 10 до 15 отсто, цената би можела да се зголеми за 37.000 евра.

    Најважните пазари за продажба на овој бренд се Германија со околу 30 отсто и Франција со над 19 отсто. Претпоставката е дека до крајот на 2022 година ќе произведат 21.500 трактори доколку нема драматични пресврти на пазарот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img