Свежите капини се одличен извор на витамин Ц (обезбедуваат 35 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама) кој е моќен природен антиоксиданс.
Еве како да приготвите природен сируп од капини за убав почеток на денот:
Потребни ви се 2 килограми капини, 6 децилитри вода, 1 килограм шеќер и 3 лимони.
Иситнете ги капините во блендер. Во зовриена вода (6 дл.) ставете го шеќерот и варете додека не добиете шеќерен сируп. Жешкиот шеќерен сируп прелијте го преку капините, додадете го сокот од лимон и оставете ја смесата да стои 2-3 часа. На крајот испасирајте ја смесата.
Добиениот сируп загрејте го на температура до 75 степени, а потоа веднаш претурете го во врели стерилизирани шишиња и добро затворете.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.