Камери во кланиците – Овој потег има за цел да обезбеди благосостојба на животните и безбедност на храната за потрошувачите.
Во шпанските кланици ќе треба да се постават камери во кланиците за да се спречи евентуална злоупотреба на животните пред самото колење, ова е мерка која тамошната влада сака да ја воведе.
„ Покрај обезбедувањето на благосостојбата на животните при нивното поминување низ кланицата, тоа ја подобрува и гаранцијата за безбедност на храната за потрошувачите “, рече министерот за заштита на потрошувачите Алберто Гарзон, пишува france24.
Сè е договорено со индустријата
„ Ние ќе бидеме првата земја во Европската унија што ќе има задолжителен систем за видео надзор у камери во кланиците “, тврди тој.
Владината портпаролка Изабел Родригез вели дека сè е веќе договорено со индустријата. Следниот и последен чекор е одобрение од парламентот.
Гиљермо Морено, извршен директор на Equalia, невладина организација која лобираше за реформата, го изрази своето задоволство и ја нарече мерката неопходен и важен прв чекор за подигање на стандардите за благосостојба на животните во овие објекти. Тој додаде дека Англија, Шкотска и Израел веќе имаат воведено таква практика.
Ќе ги проверуваат снимките од камерите во кланиците
Според шпанските правила, видеата ќе треба да се задржат за подоцнежна проверка од властите.
„ Големите кланици имаат една година да го имплементираат новиот стандард “, соопшти Министерството.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.