Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиМЗШВ: Исплатени над 1,5 милијарди денари субвенции за обележани грла овци, користен...

    МЗШВ: Исплатени над 1,5 милијарди денари субвенции за обележани грла овци, користен сертифициран материјал и одгледани и заклани гоеници до 11.120 корисници

    petel baner

    МЗШВ ги известува сточарите одгледувачи на овци дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла овци од сите категории.

    Дополнително АФПЗРР изврши исплата и на уште две мерки од програмата за директни плаќања. За пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал и за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

    Otkup na kompiri

    Корисници на мерката за обележани грла овци од сите категории се земјоделските стопанства одгледувачи на овци со минимум 30 грла. Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло. Додека за земјоделски стопанства со пријавени од 101 до 500 грла, висината на директните плаќања изнесува 1.300 денари по грло. За оваа мерка исплатени се вкупно 682.864.200 денари, кон 2.984 лица.

    Кај директните плаќања за сертифициран семенски материјали корисници се земјоделски стопанства кои пријавиле површини со полјоделски култури на кои е употребен сертифициран семенски материјал. За оваа мерка исплатени се вкупно исплатени 229.001.820 денари, кон близу 8.000 лица.

    agrounik
    За мерката директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети исплатени се 136 лица во висина од 150 милиони денари

    Кај оваа мерка како корисници се јавуваат одлгедувачи кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници. Ова е за период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

    До крајот на оваа година, комплетно се расчистуваат сите заостанати долгови кон земјоделците. Започнува и авансната исплата на субвенциите. Обезбедени се 2,7 милијарди денари дополнителни средства во буџетот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Претходно во текот на месец август и септември АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда, пчели и кози. Односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници. 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари и 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози за обележани грла кози.

    Текстот во целост е превземен од веб страната на МЗШВ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img