Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНеколку интересни факти за печурките

    Неколку интересни факти за печурките

    petel baner

    Печурките се познати одличниот вкус и неверојатни здравствени придобивки.

    Печурките се вкусен додаток во секое јадење.

    Иако се сметаат за зеленчук, печурките не се ниту растителна, ниту животинска храна. Тие се вид на габа која содржи супстанција наречена ергостерол, слична по структура на холестеролот кај животните.

    Otkup na kompiri

    Овие шумски плодови имаат голема хранлива вредност. Подеднакво се вкусни и здрави и свежите и сувите печурки.

    Во својот состав ги содржат сите есенцијални аминокиселини, билни белковини, витамините Б, Ц, Д, К, бета-каротенот, а од минералите ги имаат калиум, фосфор, магнезиум, калциум и железо. Исто така, се и природен извор на фолна киселина која многу тешко се надополнува по природен пат.

    Неколку интересни и корисни факти за печурките:

    Одличен извор на витаминот Д

    Голем процент од светската популација страда од недостаток на овој витамин. Овој витамин  помага во правилно функционирање на целиот организам и позитивно влијае врз зајакнување на имунолошкиот систем. Печурките се добар избор на витаминот Д и добро е да ги вклучите во вашето мени особено во зимскиот период.

    Содржат големи количини на селен

    Селенот е минерал кој делува како антиоксиданс. Тој помага во исфрлање на тешките метали, во регулирање на хормоните во тироидната жлезда, помага во одржување на лошиот холестерол и е корисен за одржување на здравјето на срцето, крвните садови и крвниот притисок, Како јак антиоксиданс, селенот има моќ да ги уништи слободните радикали и на тој начин да спречи појава на разни болести.

    Природен извор на витаминот Б5

    Пантопенската киселина или витаминот Б5 претставува еден од најважните витамини за човекот. Овој витамин на телото му помага да ја апсорбира и максимално да ја искористи енергијата од храната што ја јадеме, го намалува уморот и ги подобрува менталните способности. Потребен му е на организмот за здрава кожа, коса и очи, нормална функција на нервниот систем и црн дроб, за здрав дигестивен систем, производство на хормони и намалувањето на холестеролот и триглицеридите.

    agrounik
    Штитат од канцер

    Еден од наjчестите причинители на карциномот на дојка е зголеменото ниво на естроген. Се смета дека печурките, особено штитат од канцер на дојка затоа што го запираат ензимот наречен ароматаза, кој го произведува естрогенот со што се намалува ризикот од појава на канцер на дојка.

    Помагаат во намалување на килограмите

    Печурките содржат релативно голема количина протеини, се нискокалорични и содржат малку масти.  Во 100 грама печурки има околу 5,6 грама протеини и околу 20 калории. Затоа се и добра замена за месото и одлична храна во секоја диета. Најдобро е да ги јадете свежи, бидејќи тие содржат само 5 грама јаглехидрати во 100 грама. За разлика од сушените печурки кои содржат 23 грама јаглехидрати, и околу 20 калории.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оваа здрава, хранлива и вкусна намирница може да се консумира неколку пати неделно. Може да ја комбинирате во најразлични јадења како разни супи, салати  и сосови, но вкусни се и на скара со разни зеленчуци. Само 80 грама печурки можат да заменат еден дневен оброк овошје и зеленчук.

    Голем недостаток на печурките е тоа што можат да собираат и токсични метали, особено кадмиум и олово, но со оглед на тоа што ги консумираме во мали количини, нема поголема опасност од труење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img